/ Прочитано:

865

Притвор поради полов напад врз деца

Осомничениот на точно неутврдени датуми во текот на првата половина на 2020 година, до 21.7.2020 година, во повеќе наврати извршил полово дејствие врз деца на возраст од 7 и 5,5 години. Притоа, тој ги сликал жртвите со својот мобилен телефон.

Имајќи ја предвид опасноста од бегство на осомничениот,  страв дека доколку  биде на слобода ќе продолжи со вршење на вакви и слични кривични дела, како и тежината на стореното кривично дело за кое е запретена висока казна затвор во траење од најмалку 12 години, јавниот обвинител поднесе до надлежниот суд Предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице. Основниот суд Кавадарци со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.