Притвор за двајцатa охриѓани што пукаа со калашников кон кафеана во Охрид
Петок, 7 јуни 2013 – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишниот Б.П. и 42-годишниот Т.Н., двајцата од Охрид за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „предизвикување општа опасност“.
На 31-ви минатот месец, на Градскиот пазар во Охрид, откако пријавените претходно се довеле под дејство на алкохол во угостелски објект, истите биле избркани од објектот, а по кратко време истите се вратиле, по што Б.П. влегол внатре и од автоматска пушка и пиштол што ги поседувал без одобрение испукал неколку проектили, оштетувајќи го инвентарот, а потоа излегол надвор и испукал уште неколку куршуми кон објектот.
При извршен претрес во возилото на Б.П. е пронајдена торбица со 68 куршуми за автоматска пушка калибар 7,62 мм и кундак за пушка.
Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.