/ Прочитано:

1.097

Притворот за двајца осомничени во „Транспортер“ заменет со мерки за обезбедување присуство

Жалбите на Специјалното јавно обвинителство, пак, против решението на судијата на претходна постапка Кривичниот совет ги одбил и го потврдил решението на судијата, со кое на лицата В. Д. и А. А. им беа определени мерки за обезбедување присуство, односно одземање на патната исправа, обврска на осомничените да се јавува во Судот во Битола и забрана за осомничените да го напуштаат живеалиштето, односно престојувалиштето.

Основен суд Скопје 1

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ги укина решенијата на судијата на претходна постапка и ја преиначи одлуката за притвор во траење од 30 дена за уште двајца осомничени во случајот „Транспортер“.

„Жалбите на одбраната на осомничените С. М. и А. Ш. против решението на судија на претходна постапка за определување мерка притвор се уважуваат и решението на судијата се преиначува, така што се определуваат мерки за обезбедување присуство, односно одземање на патната исправа, обврска на осомничените да се јавува во Судот во Битола и забрана за осомничените да го напуштаат живеалиштето, односно престојувалиштето“, стои во соопштението на Кривичниот суд.

Жалбите на Специјалното јавно обвинителство, пак, против решението на судијата на претходна постапка Кривичниот совет ги одбил и го потврдил решението на судијата, со кое на лицата В. Д. и А. А. им беа определени мерки за обезбедување присуство, односно одземање на патната исправа, обврска на осомничените да се јавува во Судот во Битола и забрана за осомничените да го напуштаат живеалиштето, односно престојувалиштето.

Минатата недела, Кривичниот совет ја преиначи мерката притвор во траење од 30 дена и за првоосомничениот во „Транспортер“, С. Б., и му определи мерка куќен притвор, додека за осомничената Ј. Ј. го потврди решението на судијата на претходна постапка, со кое ѝ беше определен куќен притвор.

Според тоа, од директорите на училишта во Битола и сопствениците на фирми транспортери осомничени во предметот на СЈО „Транспортер“ за двајца има решение за куќен притвор додека за деветмина – мерки за обезбедување присуство.

Дваесет и две лица, меѓу кои како првоосомничен се јавува градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, и злоупотреба на 360 илјади евра од Буџетот на Република Македонија преку злоупотреба на службената положба, се дел од новиот предмет што го отвори Специјалното јавно обвинителство, под име „Транспортер“.

Осомничените се товарат дека сториле кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст. 5 од КЗ. Во однос на градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талевски, не беше донесена наредба за спроведување на истражна постапка поради правни пречки – помилување од страна на Претседателот на државата.

Специјалното јавно обвинителство најави дека до Судот ќе поднесе и предлози за изрекување мерки против имотот на дел од осомничените и на дел од превозниците како правни лица кои поради кривичните дела стекнале имотна корист, со конкретно барање за забрана за располагање со имотот. Конкретно, ќе биде побарана забрана за располагање со 3 стана, 8 патнички моторни возила  и 33 автобуси со цел да биде надоместена предизвиканата шета.

КРИВИЧЕН СОВЕТ: Триесетдневниот притвор на првоосомничениот во „Транспортер“ заменет со куќен притвор