/Прочитано:

3.179

ПРИВАТНОСТ НАСПРОТИ ВИДЕО МОНИТОРИНГ: Специјализирана обука на Академик за заштита на личните податоци при вршење видео надзор

На 26.5.2021 година (среда), од 10:00 до 13:00 часот, Академик ќе одржи онлајн обука на тема: „Приватност наспроти видео мониторинг – предизвици при имплементирање на прописите за заштита на личните податоци при вршење видео надзор“. Предавач на обуката ќе биде  Арбен Гудачи – правник и офицер за заштита на личните податоци во Македонското здружение на млади правници, и експерт за заштита на личните податоци, кој работи во оваа област од 2009 година.

Оваа специјализирана обука од областа на заштитата на личните податоци е фокусирана исклучиво на видео надзорот, како една од посебните операции за обработка на лични податоци.

На обуката ќе бидат детално разработени прашањата поврзани со должностите и обврските на контролорите кои вршат видео надзор, условите, начинот и обемот во кој може да се врши видео надзорот, актите што треба да се донесат во согласност со законот, подготвувањето на анализа и периодична оценка за вршењето на видео надзорот, како и правата на субјектите на лични податоци во случаи кога постои повреда преку вршење на видео надзор.

 Во текот на оваа специјализирана обука ќе биде нагласен практичниот аспект на темите што ќе се обработуваат, така што учесниците ќе бидат во можност преку практични примери и интерактивно учество да добијат одговори на прашањата поврзани со подготовката и примената на актите, политиките, анализите и извештаите за вршењето на видео надзорот кои ги задоволуваат условите и барањата во законот.

Напоменуваме дека заради квалитетна реализација на оваа специјализирана, практична и интерактивна обука, бројот на учесници е ограничен на 25.

Агенда

  • Правна рамка за заштита на личните податоци
  • Обработка на личните податоци преку систем за вршење на видео надзор
  • Анализа на целта/целите за поставување на видео надзор и периодична оценка
  • Содржина и форма на актот за вршење видео надзор
  • Практични примери и судска пракса
  • Прашања и дискусија

Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

Цената за учество за едно лице е 4.100 денари со вклучен ДДВ.

 Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 25.5.2021 година (вторник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

  • +389 02 3221 091 и
  • +389 02 3122 308.

Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

Објаснување за платформата ZOOM

Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:

  • електронски уред (компјутер, таблет итн.),
  • стабилна интернет-врска,
  • микрофон и звучници (или слушалки).

Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/.