/ Прочитано:

778

Приведен охриѓанец кој му се заканувал на градоначалникот Бакрачески

Четврток, 20 јуни 2013 – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишниот С.Д. од Охрид поради постоење  сомнение дека му дека му се заканувал на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Пријавениот, на 17-ти овој месец, преку возач вработен во локалната самоуправа, упатил сериозни закани кон актуелниот градоначалник на Охрид. Заканите. Следниот ден, пред зградата на општина Охрид пријавениот С.Д. го пресретнал возачот во локалната самоуправа и притоа го прашал дали на градоначалникот му ги пренесол информациите. На тоа тој добил потврден одговор.

На 13-ти овој месец околу 12:00 часот, пријавениот С.Д. влегол во канцеларија на друг вработен во Општината и од него побарал да го запознае градоначалникот со неговото барање за исплата на пари кои тој ги барал од локалната самоуправа за извршени работи во времето на претходниот градоначалник Александар Петрески. И во таа прилика, пријавениот манифестирал недолично однесување и видно револтиран до градоначалникот упатил сериозни закани и навредливи зборови.

Инаку, против пријавениот С.Д., СВР Охрид и досега има поднесувано кривични пријави по повеќе законски основи.

Истражен судија при Основниот суд во Охрид му одреди мерка притвор во траење од осум дена.