Приведена кумановска група осомничена за празнење на банкарски картички
Четврток, 23 мај 2013 – Полицијата потврди дека синоќа се уапсени 8 припадници на таканаречената кумановска група која според првичните полициски сознанија се занимавала со крадење на податоци од електронски картички. Потоа, осомничените ги празнеле платежните картичките.
Во акцијата која синоќа се одвивала во Скопје и Куманово откриени се и уапсени 8-мина припадници на групата.
Уапсените се осомничени дека со украдени податоци на сопственици празнеле кредитни картички на македонски граѓани но и на странци. Се уште не е соопштено колку пари успеале да извлечат од картичките.
МВР во текот на денот ќе објави подетални информации за акцијата на полицијата и за тоа колку групата заработила од криминалот со платежните картички.