/ Прочитано:

1.087

Приведени десет девојки кои работеле непријавено во ноќен бар во Гостивар

Четврток, 28 феруари 2013 – Во акциска контрола на полицијата, УЈП, пазарната и трудовата инспекција, во угостителски објект во Гостиварско затекнати се десет девојки кои работеле непријавено, информираат од СВР Тетово.

По контролата која била спроведена околу полноќ, во угостителскиот објект „Алпа Маре“ кој се наоѓа во близина на автопатот Гостивар-Тетово приведени се сопственикот Ф.Т. менаџерот М.З. четири албански и шест македонски државјанки. При контролата, инспекторите утврдиле дека девојките во локалот работеле како келнерки и пејачки и биле приведени.

По извршените разговори, македонските државјанки биле пуштени, а останатите биле здржани на разговор за да се утврди начинот на кој биле ангажирани, престојот и евентуална вмешаност во незаконитости.