/ Прочитано:

1.030

Продолжен притворот за осомничените во „Монструм“

Петок, 31 август 2012 – Нови 30 дена притвор добија петтемина осомничени за петкратното убиството кај Смилковското езеро. Тројца од нив остануваат во затворот во Битола додека по двајца сè уште се трага. Бидејќи и по 4 месеци осомничените сè уште не се обвинети, се јавува простор за скептицизамОбвинение сè уште нема, истрагата е во статус-кво вели за Академик, адвокатот на дел од осомничените за тероризам и убиство, Насер Рауфи.

„Не знам кога можеме да очекуваме старт на процесот, можеби кон крајот на септември, но истрагата е во статус-кво, се сомневам дека обвинение ќе има набрзо“, вели адвокатот Рауфи.

Согласно Законот за кривична постапка, за тешки кривични дела меѓу кое е и тероризам, притворот може да трае најмногу 180 дена од кога осомничените се уапсени.

Во акцијата „Монструм“ на 1 мај годинава беа уапсени дваесетина лица, од нив само петмина се осомничени за убиството  кај Смиљковското езеро, а тројца веќе се осудени за нелегално поседување на оружје. Фејзи Азири, Агим Исмаиловиќ, и Рами Сејди, кои се во притвор во затворот во Битола се осомничени за соучесништво, додека Африм Исмаиловиќ и Алил Демири кои се во бегство се сомничат дека се директни извршители на петкратното убиство.