/ Прочитано:

1.467

Продолжена мерката за поддршка на компаниите и за ослободување од плаќање на износот на аконтациите

„Со донесување на Уредбата со законска сила за изменување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, што беше донесена на последната владина седница, се продолжи мерката за поддршка на компаниите кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот КОВИД-19 со ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход и за месеците јуни и јули 2020 година.

На оваа седница се донесени измени на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба, со што се продолжи мерката за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка и за месеците јуни и јули 2020 година, како мерка за ублажување на последиците на компаниите кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот КОВИД-19“, сооштуваат од Владата.

Владата донесе повеќе уредби и протоколи