Продолжува постапката за разрешувањето на Јанева
Комисијата за избори и именувања му предложи на Собранието да донесе одлука за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева поради нестручност и несовесност во работењето.
Според регулативата, врз основа на доставен извештај од страна на Советот на јавните обвинители, по предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието на Република Македонија, по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија, Советот по предлог на Собранието на Република Македонија го разрешува јавниот обвинител.
Собранието го утврдува предлогот за разрешување на јавниот обвинител до Советот на јавните обвинители со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците што припаѓаат на заедниците што не се мнозинство и што ќе го поднесе до Советот.
Претседателот на Комисијата, Илија Димовски, истакна дека очекува наскоро да биде свикана пленарна седница за предлогот за разрешување, како и дека на собраниската седница одлуката ќе биде едногласна, како што било случај и на седницата на комисијата.
Во јавноста вчера се пласираа информации дека Јанева доставила писмо за активирање на поднесената оставка од 15 јули.
Пратеникот Кирацовски во Обвинителството за случајот „Рекет“
Извештајот за Катица Јанева пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Јавното обвинителство: Ќе го разгледаме поднесокот од Јанева
Соопштение на СЈО за полномошното од Јанева
Пратеничката Ременски во Обвинителството за случајот „Рекет“
Започна постапката за разрешување на Катица Јанева
Извештајот за Јанева доставен до Советот на јавни обвинители
Жалбата на Катица Јанева за притворот одбиена како неоснована.
Законските одредби за разрешувањето на јавниот обвинител кој раководи со СЈО
Етичкиот кодекс на јавните обвинители за односот на обвинителот со обвинетиот
Начела до кои обвинителите се должни да се придржуваат според Етичкиот кодекс
Определен притвор за Јанева, Обвинителството продолжува со истрагата за случајот „Рекет“
Детали од Обвинителството за истрагата против Катица Јанева, која денеска беше приведена
Јанева не чувствува вина за „Рекет“
Катица Јанева дава исказ во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“
Обвинителот Рустеми од СЈО ќе дава исказ во Обвинителството
ЈО: За случајот „Рекет“ во тек е финансиска истрага и прибирање на доказен материјал
По предлог на Обвинителството продолжена мерката притвор во предметот „Рекет“
Пендаровски: Не го дискредитирав Јавното обвинителство
Обвинителството со соопштение до јавноста за изјавата на Пендаровски и случајот „Рекет“
Обвинителката Стефанова ќе дава исказ во Јавното обвинителство
Пендаровски: За случајот „Рекет“ правосудните органи да ја истераат работата докрај
Јанева и Стефанова со изјави за објавените снимки за „Рекет“
ЈО за снимките за „Рекет“: Станува збор за материјали кои се дел од доказната постапка
Објавени нови снимки за случајот „Рекет“
Објавена видеоснимка за случајот „Рекет“
ЈО прибира вербални докази за случајот „Рекет“, изјави дале градоначалниците на Карпош и на Битола
Јанева вели дека не ја злоупотребила должноста
ЈО: Пронајден е вториот мобилен телефон на Катица Јанева
М.В