/ Прочитано:

891

Продолжува судењето против бизнисмените и адвокатите на нарко босот Дарко Шариќ

Понеделник, 25 март 2013 – Во белградскиот Специјален суд денеска ќе продолжи судскиот процес против групата на нарко босот кој е во бегство, Дарко Шариќ. Обвинетите се товарат за перење на милиони евра која наводно се стекнати со продажба на кокаин. 

Освен Дарко Шариќ, во бегство е и бизнименот Зоран Чопиќ кој криејќи се од српските власти пребега во Република Српска каде во април 2011 година беше уапсен од тамошните полициските сили. Според законските рамки, Чопиќ прво го чека судење во земјата каде е уапсен, за делата за кои го товари Обвинителство на Република Српска.

Групата на Шариќ ја сочинуваат бизнисмени и адвокати, сите се обвинети за перење на пари стекнати преку продажба на кокаин. Освен Шариќ и Чопиќ меѓу обвинетите се и некогашниот најблизок соработник на Шариќ, Небојша Јестровиќ, новосадскиот адвокат Радован Штрбац, неговата сопруга Дубравка Штрбац, Стевица Костиќ, Андрија Крловиќ, Маринко Вучетиќ, Предраг Милосавлјевиќ и Небојша Јестровиќ.

Освен Шариќ, останатите не се поврзуваат со трговија на наркотици, но се обвинети бидејќи знаеле за активностите на криминалната група на Шариќ. Обвинителството за организиран криминал ги товари затоа што им било познато дека парите кои им биле ставени на располагање биле стекнати на нелегален начин. Групата на Шариќ преку неколку фирми ширум цела Србија успеала „црните пари од кокаинот“ да ги пушти во промет.

Обвинителството во април 2010 година подигна обвинение против Шариќ и уште 19 лица поради криумчарење на 2.174 килограми кокаин од Јужна Америка и за шверц на 235 килограми кокаин во Италија, во јануари 2009 година.

По ова, следеа неколку уште неколку кривични пријави за припадниците на кланот на Шариќ поради криумчарење кокаин и перење на пари.