Продолжува целосната примена на Законот за извршување
„Во согласност со Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба (Службен весник бр. 86 од 01.04.2020 година) е предвидено дека Законот за извршување (Службен весник бр. 72/16,142/16,233/18 и 14/20) нема да се применува од денот на влегување во сила на уредбата со законска сила до 30 јуни 2020 година, a во согласност со Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба (Службен весник бр. 156 од 12.06.2020 година) се менуваат зборовите од првата Уредба ‘до 30 јуни’ со зборовите ‘заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба.’
Во согласност со последната Уредба со законска сила за измена и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување, важењето на Уредбата е уште 30 дена по престанувањето на вонредната состојба, а која заврши на 23.06.2020 година, што значи дека од 24.07.2020 година продолжува целосната примена на Законот за извршување“, соопштија од Комората на извршители.
М.В