/ Прочитано:

5.898

„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд

Врховниот суд објави сентенца „Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“, по правен основ престанок на работен однос.

 

Илустрација, онлајн профил

Сентенца: Продолжување на важност на договор за вработување на определено време

Одлуката за отказ поради истекување на времето на договорот за вработување на определено време, чија временска важност била продолжена без да се договори времето за кое се продолжува, е незаконита бидејќи не изминал рокот од 5 години, како максимално со законот определено време за кое може да се склучи ваков вид на договор за определено време.

Образложение

Неоснован е и наводот во ревизијата за погрешна примена на материјалното право.

Имено, меѓу другото било утврдено дека тужениот објавил оглас и доставил пријава до Агенцијата на РМ на 16.08.2010 година за потреба од еден работник инжињер технолог – текстилец. За тоа работно место се пријавила тужителката која била избрана и со тужениот склучила догоор за вработување на определено време од 31.08.2010 година за време од 3 месеци сметано од 01.09.2010 година до 31.12.2010 година. Со протекот на времто од три месеци на тужителката не и престанал работниот однос, туку во согласност со тогашните потреби, а и сегашните на тужениот продолжила да работи на работно место како инжињер технолог – текстилец. Со решение на Фондот ПЕ Б. од 22.02.2013 година на тужителката и било утврдено право на надомест на плата за отсуство од работа поради бременост и породување за периодот од 15.01.2013 година до 11.10.2013 година. Без никакво известување, иако породилното отсуство не е на терет на тужениот, тужениот на 22.03.2013 година донел одлука со која на тужителката и престанал работниот однос сметано од 26.03.2013 година. Тужителката била известена дека со решение на ФЗОМ и е ускратено правото на паричен надоместок по основ на породилно отсуство сметано од 26.03.2013 година. Тужителката кај тужениот работела на истото работно место и остварила стаж на осигурување од 3 години, 5 месеци и 13 дена… Сентенцата во целост.

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“

М.В