/ Прочитано:

1.046

Проект „Сузбивање сериозен криминал во Западен Балкан – ИПА 2019“

Во рамки на соработката на проектот  „Сузбивање сериозен криминал во Западен Балкан – ИПА 2019“, министерот за правда, Бојан Маричиќ, оствари средба со Станислав Пинтар, резидент ЕУ јавен обвинител,  Елиса Дибало, резидентниот ЕУ полициски експерт и Мила Станковиќ, национален правен советник.

Овој проект е кофинансиран од страна на Европската комисија, Владата на Германија и Владата на Италија, а се спроведува од страна на ГИЗ од Германија, ЦИЛЦ од Холандија и Министерството за внатрешни работи на Италија.

„Целта на овој проект е да се зајакне одговорот на земјите од Западен Балкан во борбата со сериозниот криминал и тероризам, преку зајакнување на соработката на државите од регионот, но и со институциите на ЕУ, како Европравда, Европол и други.

На состанокот се разговараше околу процесот на изградба на ефикасна мрежна поврзаност и соработка на државите од Западен Балкан, како и за интероперабилноста на институциите на земјите во регионот, со што би се овозможила поефикасна борба против сериозниот криминал.

Воедно, на состанокот се дискутираше и за значајноста на донесувањето на новиот Закон за меѓународна соработка во кривична материја, кој ќе овозможи поефикасна меѓународна соработка во борбата против криминалот.

Министерот Маричиќ се заблагодари за поддршката овозможена преку проектот и истакна дека сите елементи на владеењето на правото се значајни, но дека борбата против организираниот криминал и корупцијата е можеби најзначаен елемент за Северна Македонија“, информираат од Министерството за правда.