/ Прочитано:

5.396

Проф. д-р Сашо Георгиевски – нов декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“

Проф. д-р Сашо Георгиевски е избран за декан на факултетот во мандатниот период март 2021 – март 2024.

Проф. д-р Сашо Георгиевски e вработен на Правниот факултет од 1988 година, на наставно-научната област меѓународно право и меѓународни односи. Во моментот предава повеќе предмети од таа област, вклучувајќи ги предметите: Меѓународно право, европски институции и меѓународни односи (применета програма) – на Политичките студии и на Студиите по новинарство; Правото на EУ, Меѓународно право (примената програма) и Меѓународно хуманитарно право – на Правните студии. Предавал на специјалистичките студии од областа на дипломатското право и односи, како и на тековните постдипломски студии по меѓународно право и меѓународна политика.

Во периодот од 1999-2005 година предавал на постдипломските студии за Југоисточна Европа при Департманот за политички студии и јавна администрација на Националниот универзитет Каподистрија во Атина, Република Грција.

Објавил повеќе десетици научни и стручни трудови во домашни и странски списанија. Научниот опус на Сашо Георгиевски главно се однесува на мeѓународно-правнитe и спорeдбeни аспeкти на странските вложувања, особено концeсискитe вложувања, сукцесијата на државите, како и на други прашања од областите на меѓународното јавно право и правото на Европската Унија.

М.В