/ Прочитано:

3.268

ПРОФЕСОРИТЕ ПРЕДЛАГААТ КОРЕНИТИ РЕФОРМИ ВО СЕМЕЈНОТО ЗАКОНОДАВСТВО: Родителска одговорност за најдобар интерес за детето

Родителска одговорност на двата родитела во најдобар интерес за детето, надминување на конфликтот по разводот на бракот во вршењето на родителското право, подигнувањена свеста кај родителите за заедничката одговорност, воведување на брачната медијација, давење суштинска улога на брачните советувалиштата, како и носење судска одлука, наместо управна,за доверување на детето, се дел од предлозите на професорите по семејно право и по социјално право од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во насока на реформирање на семејното законодавство.

akad 2

Професорите Дејан Мицковиќ и Ангел Ристов уште пред неколку години до Министерството за труд и социјална политика поднеле предлози,  анализи и сугестии за измени во семејното законодавство, засновани и стандардизирани наевропското законодавство и конвенциското право за правата на детето. Тие го повикуваат македонскиот законодавец да расправа за овие, како што нагласуваат, суштински животни прашања и порачуваат дека коренитите реформи на семејното законодавство треба да бидат дел и од Граѓанскиот законик кој е во фаза на подготовка, сѐ со цел родителското право да се врши во најдобар интерес на детето, а семејното законодавство да биде усогласено со европската и меѓународната регулатива.

Глобална тенденција е законодавствата да се фокусираат на правата и интересите на децата

На научната трибината „Потребата од промени во вршењето на родителското право во семејното законодавство“, која се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р Дејан Мицковиќ образложи дека реформата на граѓанското право е добра можност да се направат неопходните реформи во семејното законодавство, особено оние што се поврзани со разводот и со вршењето на родителското право по разводот на бракот.

„Глобална тенденција е законодавствата да се фокусираат на правата и интересите на децата во случај на развод на бракот. Тоа е она што е суштинско во сите тие реформи“, истакнува професорот Мицковиќ.

Според професорот, измените и реформите во семејното законодавство првично треба да започнат со  заменана терминот „родителско право“ со терминот „родителска одговорност“, но не само како обично  терминолошко уредување, туку како нагласување на  одговорностите што ги има родителот во вршењето на родителското право и по разводот на бракот. Оваа тенденција, образложува Мицковиќ, е примената во повеќе европски држави и во Конвенцијата на ОН за правата на детето, како најзначаен документ за правата на детето.

akad 2

Брачниот конфликт да не се пренесе на вршењето на родителското право

Професорот Мицковиќ додава дека е потребна реформа на „суштинскиот проблем“, а тоа е спречувањетона конфликтот на родителите во вршењето на родителското право. Од исклучително значење е да не се пренесе брачниот конфликтна вршењето на родителското право, образложува тој.

„Ова е најголемиот и најзначајниот проблем со кој се соочува не само македонскиот законодавец туку и законодавецот во европските држави. Тоа е така затоа што брачните партнери во текот на разводот се спротивставени страни. Најчесто постои сериозен конфликт. Овој конфликт понатаму се пренесува во вршењето на нивните права и обврски. Што значи тоа? Брачниот конфликт престанува по разводот, но тие се родители и нивниот конфликт се пренесува во вршењето на родителското право, а тоа најдобро го покажува и судската пракса“, вели Мицковиќ, додавајќи дека таквата ситуација воопшто не е во интерес на детето.

Воведување на брачната медијација и зајакнување на улогата на брачните советувалишта

За да се надминат овиесостојби што се среќаваат во практиката и кои не само што ги загрозуваат интересите на детето, туку ги нарушуваат и неговите права, професорот предлага воведување на брачната медијација и зајакнување на улогата на брачните советувалишта, а во насока на зајакнување на свеста на родителите дека конфликтот меѓу нив влијае крајно негативно врз децата.

„Треба да им се укаже на родителите како треба да се однесуваат како одговорни родители на кои на преден план им се децата и затоа советувалиштата треба да има суштинска улога“, истакнува професорот, кој смета дека и медијацијата е поволна бидејќи не го инспирира чувството на триумфализам на едниот родител дека го добил детето.

Судот да носи одлука, судијата задолжително да го слушне мислењето на детето

Тој нагласува дека еден од сегментите каде што има слабости во семејното законодавство е оној каде што се дозволува центарот за социјална работа, а не судот, да носи одлука за одземање на детето од едниот родител и доварување на детето на другиот родител.

„Ова е во директна спротивност со Конвенцијата за првата на детето, каде што се пропишува дека само суд може да донесе одлука за одземање на детето од едниот родител и доверување на детето на другиот родител“, вели Мицковиќ.

akad 2

Професорот додава дека, во согласност со членот 12 од Конвенцијата, мора да се слушне и да се почитувамислењето на детето, односно дека детето треба да го изрази своето мислење пред судијата, нешто што мора да биде задолжително за судијата при носењето на одлуката. Судијата, додава професорот, не може да се придржува само до она што е „напишано на хартија“, туку треба да го слушне и мислењето бидејќи се работи за животна одлука, за иднината на детето.

Експлицитна одредба за концептот на одговорно родителство и интензивна комуникација со двата родитела

 За  Мицковиќ неспорно едека родителите мора да продолжат да го вршат родителското право спогодбено и по разводот на бракот и затоа е потребна „експлицитна одредба“ во Законот за семејство со која ќе се утврди концептот на заедничко и одговорно родителство и по разводот.

„Ваква одредба постои во сите европски законодавства. Заедничкото вршење на родителското право и по разводот значи носење на сите клучни одлуки кои се поврзани со правото и со интересите на детето. Сите истражувања покажуваат дека во животот на дететое потребно интензивно присуство на двата родители“, истакнува Мицковиќ.

Професорот предупредува дека посебен проблем се контактите сооној родител на кого не му било доверено детето, за што говорат бројните негативни примери низ праксата. Во таа насока, тој истакнува дека не значи дека ако му било доверено детето на чување на едниот родител, другиот да се отфрли од неговиот живот, бидејќи тоа не е оправдано ниту во правна ниту, пак, во социопсихолошка смисла.

Законодавецот да се разбуди

Доц. д-р Ангел Ристов вели дека изминативе години родителите не биле осамени во битката за праведно и одговорно вршење на родителското право. Правото како вештина на праведното, вели Ристов, особено е елаборирано од страна на науката, па така и науката за семејното право веќе изготвила предлози кои „треба да го разбудат законодавецот“.

„Ако се децата нашето најголемо богатство, а тие се тоа, тогаш е потребно да се направат законски измени кои ќе бидат во нивни интерес. Во таа насока, ние уште во 2014 година предложивме измени на семејното законодавство, односно за концептот на вршење на родителското право, со нагласување на родителската одговорност“, истакнува Ристов.

akad 2

Центарот се претвори во монструм од надлежности

Тој нагласува дека во предложените измени еден од клучните предлози е„растоварувањето“ на Центарот за социјална работа бидејќи со сите негови надлежности не може доследно да одговори на прашањата поврзани со остварувањето на родителското право.

„Таквата нефункционалност може да се забележи секој ден. Едно пишува во законите, друго се случува во реалноста. Центарот од толку многу надлежности се претвори во монструм од надлежности. Во таква ситуација, тој не може да одговори на надлежностите, па затоа е потребно и делот на родителските права, особено доверувањето на детето на еден од родителите, во иднина да биде надлежност на судот “, истакнува професорот Ристов.

Ако останал без работа и ако немал пари да плати, да се казни ли?

Тој упатува и критика за практиката и за нормативата со која родителите што не биле во можност да платат издршка за детето, билеказнувани дополнително со тоа што не им било дозволено да го гледаат своето дете. Бројни се такви примери во практиката, вели професорот.

„Сиромаштија и економска криза е. Можеби некој родител останал без работа и немал да плати. И што да се направисега? Да се казни така што нема да си го види детето? Дали е тоа решението? Па, има меѓународни примери кога во такви случаи тоа може да премине на буџетот, на фондовите.Постои решение за тоа.Најмалку е решение таквата казна“, истакнува Ристов, додавајќи дека Македонија мора да го реформира своето законодавство, особено што веќе и постои пресуда на ЕСЧП за Случајот Митеви против Република Македонија.

Се соочуваме со општествени аномалии предизвикани од лоши закони и од лоша пракса

Наум Рибароски, како учесник на научната трибината „Потребата од промени во вршењето на родителското право во семејното законодавство“ и како дел од Иницијативата на група родители за заедничко и одговорно родителство, вели дека постојното законодавство и практиката на институциите се соочуваат со општествени аномалии. Тој се согласува со ставовите на професорите и вели дека сосема се во право кога велатдека се работи за животни ситуации кои итно мора да се регулираат.

akad 2

„Се соочуваме со страшни, нелогични и дискриминаторски работи. Буквално со ваквата практика на непостоење регулатива за заедничко родителство и по разводот се оди на директна штета на детето. Едниот родител го отстранува другиот родител од животот на детето. Ако веќе имало развод на бракот, тоа не значи и престанување на родителската одговорност. Ние не можеме да гигледаме децата, а секој друг може. И ние сакаме да ги пренесеме нашите животни искуства на децата, да растат до нас.Тие што се родители, знаат за што зборувам. Затоа се потребни промени во семејното законодавствово врска со вршењето на родителското право. Ако имало конфликт во бракот, а бракот завршил со развод, конфликтот да не продолжи во вршењето на родителското право. Во такви случаи во најдобар интерес на детето е токму одговорното родителство на двајцата родители“, вели Рибароски.

Да се направи баланс помеѓу јавниот интерес, интересот на родителите и интересите на детето

Доц. д-р Лазар Јовевски, осврнувајќи се на вршењето на родителското право од аспект на социјалното право, посочува дека е потребно законските измени да се направат во согласност со меѓународните стандарди и потоа да се стави акцент на практичната имплементација, која би дала ефективни резултати од социјално-правен аспект. Тој нагласува дека е клучно да се направи баланс помеѓу јавниот интерес, интересот на родителите и интересите на детето.

„Во ова насока, секако, фокусот треба да се стави на најдобриот интерес на детето. Оттука, од најголемо значење е законските решенија да бидат усогласени со меѓународната регулатива, а потоа, што е мошне значаен сегмент, да се работи на подигнување на свеста, и тоа на пошироката општествена свест, но и на свеста на родителите. Свеста кај самите родители е од суштинско значење“, нагласува Јовевски.

M.В / veljanoskim@akademik.mk