/ Прочитано:

1.425

Професорот Докмановиќ одржа предавање на Универзитетот на Тексас во врска со депортираните Евреи од Македонија

Професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и член на делегацијата на Република Македонија во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот д-р Мишо Докмановиќ одржа предавање во Акерман центарот за студии на холокаустот на Универзитетот на Тексас во Далас.

„Темата на предавањето беше „Денот потоа – односот на локалното население кон имотот на депортираните Евреи од окупирана Македонија“. Предавањето на проф. д-р Мишо Докмановиќ беше овозможено со поддршка од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Акерман центарот на Универзитетот на Тексас“, информираат од Правниот факултет.

М.В