/ Прочитано:

3.690

Професорот Кекеновски го оспори Законот за употреба на јазиците пред Уставниот суд

Професорот Јове Кекеновски денеска поднесе иницијатива пред Уставниот суд, со која ја оспорува уставноста на Законот за употреба на јазиците. За Кекеновски, од уставен и од законски аспект, се спорни постапката и начинот на кој е изгласан Законот, во кој има и спорни законски одредби.

Донесувањето на Законот без двотретинско мнозинство, немањето потпис од претседателот на државата и спротивноста на Законот со принципите на владеењето на правото се дел од аргументите кои ги посочува професорот во иницијативата со која бара запирање на извршувањето на поединечните акти или на дејствијата што се преземаат во моментов врз основа на Законот. Професорот Кекеноски потсетува и на уставносудската практика, нагласувајќи дека постојат закони кои во слични ситуации не стапиле во сила и примена.

Оспорување на Законот за употреба на јазиците најавија и од најголемата опозициска партија, ВМРО – ДПМНЕ. Противуставноста на Законот за употреба на јазиците беше една од причините кои ги наведе претседателот Иванов при соопштувањето на неговата одлука да не го потпише Законот.

Инаку, во 1998 година Уставниот суд ги укина Законот за употреба на знамињата преку кои припадниците на националностите во Република Македонија го изразуваат својот идентитет и националните особености и Указот за прогласување на Законот бидејќи утврди дека Указот противуставно е потпишан од претседателот на Собранието на Република Македонија, во својство на претседател на државата, иако на претседателот на Републиката не му престанала функцијата, ниту бил спречен да ја врши.

Указот, пак, за прогласување на Законот за употреба на јазиците е објавен со фуснота на местото за потпис на Иванов. Во фуснотата е наведено од кои причини Указот е објавен без потребниот потпис на претседателот на Република Македонија.

Објавувањето на законите без потпис од претседателот на РМ е противуставно, рече претседателот на РМ, Ѓорге Иванов, додека пак од Владата истакнаа дека неопходно било да се преземат мерки за да продолжи да функционира парламентарната демократија.

Иванов во своето соопштение го повика и Уставниот суд. Ова е момент, нагласи Иванов, кој ќе покаже дали во Република Македонија постои Уставен суд.

ВЛАДАТА: Не се воведува целосна двојазичност на целата територија на РМ и во сите области на правниот поредок

За примената на Законот за употреба на јазиците се предвидуваат средства од Буџетот и донесување програма за јавна свест

Што сe предвидува во Законот за употреба на јазиците

И Владата објави соопштение во врска со Законот за употребата на јазиците и Законот за Договорот од Преспа

ИВАНОВ: Станавме држава на слободно толкување на Уставот и законите

Годишно обраќање на претседателот Иванов

Обвинителството постапува по две анонимни кривични пријави за претседателот Иванов

Претседателот на Собранието нема да го потпише Законот за употреба на јазиците наместо претседателот на Републиката

Што предвидува Законот за употреба на јазиците за постапките пред судовите, обвинителствата, извршителите и нотарите

ИВАНОВ ЗА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ: Уставот и совеста не ми дозволуваат да ставам потпис на Указ за прогласување на ваков закон

Постапката по непотпишување на указот и укажувањата на претседателот на РМ во врска со Законот за употреба на јазиците

Уставните и законските одредби за прогласувањето на законите и потпишувањето и објавувањето на актите

Законот за употреба на јазиците, за кој се поднесени рекорден број амандмани, повторно пред пратениците

Што предвидува Законот за употреба на јазиците донесен од Собранието на Република Македонија

ТЕКСТОТ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ: Образложение и законски одредби

М.В