/ Прочитано:

543

Прогласена тридневна жалост за трагичната сообраќајна несреќа

Владата прогласи тридневна жалост за трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија во која животите ги загубија 45 македонски државјани.
За денови на жалост се прогласени од 23 ноември заклучно со 25 ноември (вторник, среда и четврток), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјава во странство, ќе биде истакнато на половина копје. Се одлагаат сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост.