/ Прочитано:

1.617

Прогласени победниците на IX Ораторска вечер на УГД

На Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип се одржа деветтата Ораторска вечер во организација на Правниот факултет при УГД и Клубот на оратори „Ростра ветера“.

На Ораторската вечер, велат од УГД, десет говорници зборуваа на различни теми.  Првото место жирито одлучи да ѝ го додели на Марија Коцева, студентка на Правниот факултет, која зборуваше за непотизмот во Македонија.

Говорот на Марија Коцева, насловен „Непотизам“, беше критика на начинот на вработување и селекција на кадри во македонското општество.

Второто место ѝ припадна на Ана Михаиловска од Факултетот за природни и технички науки. Нејзиниот говор беше насловен „Еднакви во различноста“ и се однесуваше на тоа да се сврти вниманието кон лицата со посебни потреби.

Третото место му припадна на Адријан Стефанов, студент на Филолошкиот факултет. Неговиот говор беше насловен „Заборавено единство“ и тој на алегоричен начин зборуваше за тоа колку луѓето треба да бидат обединети и колку многу се слични.

Видеа од сите говори и од прогласувањето на победниците може да се погледнат на следниот линк.

М.В