/ Прочитано:

2.332

Програма за полагање на испит за овластен стечаен управник

Министерството за економија ја објави програмата за полагање  на испит за овластен стечаен управник. Со оваа програма се пропишуваат градивото, прописите и литературата за полагање на испитот за овластен стечаен управник.

Програмата за полагање на испитот за овластен стечаен управник се состои од  следниве испитни области:

1) Стечајно право (општа и посебна стечајна постапка), како и познавање на професионалните стандарди потребни за водење на стечајната постапка и Кодексот за етика за стечајните управници;

2) Основите на правото  кои се од значење  за спроведување на стечајната постапка;

3) Основи на економија, финансии и сметководство, кои се од значење за спроведување на стечајната постапка.

Програмата може да се преземе на следниов линк.