/ Прочитано:

1.315

Програма за стипендии на германското стопанство за 2017 година на Германската стопанска комора во Македонија

Правен факултет

Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје информира дека Германската стопанска комора во Македонија ја спроведува Програмата за стипендии на германското стопанство за 2017 година во својство на локален партнер на Одборот на германското стопанство за источните земји, кој е раководител на Програмата во Германија.

Целта на оваа програма е да обезбеди специјализација за квалификувани кандидати од Македонија во најуспешните германски компании, во период од 3 до 6 месеци. Оваа програма е поддржана од Владата на Сојузна Република Германија и трошоците се покриени од неа

Во прилог, на германски и англиски јазик ви ги испраќаме основните податоци за критериумите кои треба да бидат задоволени од страна на потенцијалните кандидати. Рокот на пријавување е до 11 ноември 2016 година на следната интернет-страница: www.stipendienprogramm.org

Прилог: Оглас за стипендиска програма на германското стопанство 2017 на англиски јазик