Програмата за поддршка на медијацијата донесена од Врховниот суд
Врховниот суд на Република Македонија ја објави Програмата за поддршка на медијацијата. Во членот 27 од Законот за медијација во врска со поддршката и развојот на медијацијата се пропишува дека Владата на
Република Македонија донесува програма за развој на медијацијата, во која се определуваат мерки и средства со кои се обезбедува поддршка на медијацијата. Посебни програми за поддршка на медијацијата донесуваат Судскиот совет на Република Македонија и Врховниот суд на Република Македонија.
Целосниот текст на Програмата за поддршка на медијацијата на Врховниот суд
Медијацијата е секое посредување, без оглед на неговиот назив, при решавање на спорниот однос во постапка на медијација во коешто на страните во спорниот однос им се овозможува истиот да го решат по пат на преговарање, на мирен начин со помош на еден или повеќе лиценцирани медијатори со цел да се постигне заедничко прифатливо решение изразено во форма на писмена спогодба.
М.В