/ Прочитано:

961

Промоција на анализа за дискриминација при вработување

Вторник, 14 мај 2013 – Претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација и државен советник во Министерството за труд и социјална политика Душко Миновски денеска ќе ја промовира анализата направена по истражување на огласи за вработување со постоење дискриминаторски елементи.

Целта на истражувањето спроведено минатиот месец беше да се увиди праксата на објавување огласи за вработување со дискриминациски елементи и да се даде препорака за промена на таквата пракса и неправење дискриминација по ниту една основа во областа на работата и работните односи и процесот на барање работа.

Со истражувањето кое траеше 30 дена и во чии рамки се обработени 300 огласи, земени се предвид три основи – пол, возраст и личен/општествен статус.