Промовиран бизнис-каталогот на Советот на странски инвеститори
„Една од целите на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија е унапредување на соработката помеѓу странските компании и локалните добавувачи во земјава, и тргнувајќи од оваа цел Советот го подготви второто издание на бизнис-каталогот“, истакна Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори на прес-конференцијата на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.
Бизнис-каталогот претставува интегрирана база на податоци на околу 130 компании членки на Советот на странски инвеститори, вклучувајќи ја нивната доминантна дејност, контакт-информации, како и детален опис на нивните производи и услуги.
Ова печатено издание, коешто наскоро може да се најде и на интернет-страницата на Советот (www.fic.mk), претставува корисна алатка наменета за домашните и за странските добавувачи, партнери и соработници на компаниите членки на Советот.