/ Прочитано:

1.313

Промовиран Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавните функции

Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска го промовираше Етичкиот кодекс за обезбедување на законито, чесно, транспарентно и одговорно работење на членовите на Владата на Република Северна Македонија, замениците на министрите и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

Кодексот, како што информираше министерот Поповски, произлегува од насоките за добро управување кои биле подготвени во сеопфатна консултација со граѓанскиот сектор, академската заедница, стручната јавност и јавната администрација.

Тој додаде дека Кодексот значи и реализација на препораките од Петтиот круг на евалуација на ГРЕКО, коишто се однесуваат на спречување на корупцијата и криминалот, како и промовирање на интегритет кај централната власт, кај највисоките извршни функции и органите за спроведување на законот.

Истакнувајќи дека актуелната влада е трајно посветена и не отстапува од принципите на законито, чесно, транспарентно и одговорно работење како сервис и во интерес на потребите на граѓаните и јавноста, министерот Поповски подвлече дека како потврда за тоа на вчерашната седница е усвоен Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

„Прифаќањето на Кодексот всушност значи преземање обврска на носителите на јавни функции постојано да се придржуваат на принципите на добро и одговорно управување на највисоко политичко ниво. Република Северна Македонија е на вистинскиот пат за воспоставување на општество во кое владеат највисоки морални вредности, затоа отпорот е толку голем и паничен и доаѓа од различни центри“, рече министерот Поповски, истакнувајќи дека однесувањето на избраните и именувани лица во согласност со постулатите на правната држава и највисоките морални вредности и принципи е нивен долг и обврска кон граѓаните.

Министерот Поповски оцени дека за успешна реализација на одредбите од Кодексот од суштинско значење е активниот придонес и вклучување на сите граѓани за алармирање за појави и однесувања на носителите на јавни функции, кои се спротивни на законските и моралните принципи на однесување.

Министерот Поповски посочи дека Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата ќе биде објавен на интернет-страницата на Владата на Северна Македонија.

Етички кодекс за членовите на Владата

Советник за интегритет ќе ги советува членовите на Владата за препораките од Извештајот на ГРЕКО

КОРУПЦИЈАТА СЕ СМЕТА ЗА СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Извештај и препораки на ГРЕКО

Со меѓународна соработка до ефикасна борба против корупцијата

Министерството за правда да го информира ГРЕКО за превенцијата на корупцијата на пратениците, судиите и обвинителите

Проф. д-р Ана Павловска-Данева именувана за член на ГРЕКО

„Не се постапува по забелешките на ГРЕКО за пратениците, судиите и обвинителите“, предупредуваат од Транспаренси интернешнл

Исполнувањето на препораките на ГРЕКО значи подобар систем, но и подобар живот, вели претседателот на ГРЕКО

Д-р Марин Мрчела, претседателот на ГРЕКО: Може да се има доверба само во судија кој со своето однесување покажува најголеми морални доблести

Етичкиот кодекс значи одговорност за пратениците во и надвор од Собранието

Пратениците добија етички кодекс

Предложен кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието на РМ

Собранието да донесе измени во Законот за пратениците и да донесе Кодекс за етика на пратениците

Етички кодекс за пратениците, спречување судир на интереси и примање подароци – препорачува ГРЕКО за членовите на Собранието

М.В