/Прочитано:

1.292

Промовиран нов софтвер за правна статистика

Софтверот е едноставна алатка која можат да ја користат граѓани, индивидуални и мали бизниси на кои им е потребна правна помош. Софтверот ги оценува предметите на адвокатите, ги собира предметите на кои работат тие и ги распределува во категории: добиени предмети, изгубени предмети и предмети кои се во тек. Исто така, овој софтвер врши поделба на предметите во зависност од областа, на пр.: граѓански, кривични, прекршочни предмети, предмети од работните односи, трговските друштва итн. Понатаму оваа обработка ја финализира со распределба на сите податоци по региони, односно држави во САД, а пред извесно време оваа база на податоци се проширила и на предмети од британските судови, на судовите од Девствените Острови, Ирска, Австралија и Холандија.

Брајан Ли, поранешен адвокат од Вашингтон кој работел на парнични предмети во адвокатската фирма „Кавингтон и Бурлинг“ и кој е магистер по компјутерски науки, во 2016 година дошол до идејата да развие софтвер кој ќе им биде од помош на граѓаните кои сакаат да се информираат во врска со целиот правен систем во САД, кои сакаат да следат разни случаи и кои имаат преглед на работењето на адвокатите, па за таа цел ја основал компанијата „Џастис тулбокс“.

До оваа идеја Ли дошол како резултат на секојдневното работење и средбите со странките кои постојано барале правни услуги поврзани со разводите, сообраќајните незгоди, наследствата итн. Овој стартап проект ги користи податоците од официјалните интернет-страници на судовите кои даваат информации поврзани со предметите што циркулираат во нив, за предметите кои се завршени и за оние за кои постапката е во тек.

Според Ли, софтверот е едноставна алатка која можат да ја користат граѓани, индивидуални и мали бизниси на кои им е потребна правна помош. Софтверот ги оценува предметите на адвокатите, ги собира предметите на кои работат тие и ги распределува во категории: добиени предмети, изгубени предмети и предмети кои се во тек.

Исто така, овој софтвер врши поделба на предметите во зависност од областа, на пр.: граѓански, кривични, прекршочни предмети, предмети од работните односи, трговските друштва итн. Понатаму оваа обработка ја финализира со распределба на сите податоци по региони, односно држави во САД, а пред извесно време оваа база на податоци се проширила и на предмети од британските судови, на судовите од Девствените Острови, Ирска, Австралија и Холандија.

Како што изјавуваат од компанијата „Џастис тулбокс“ ,за сајтот аbowethelaw.com, првичната предност на овој софтвер е што самите адвокати ќе ја следат конкуренцијата меѓу себе, ќе го следат процентот на успешност и ќе си ги одмеруваат силите со другите свои колеги.

С. М.

Спонзориран текст