/ Прочитано:

1.015

Промовиран Протоколот за спроведување мерки за заштита од ковид-19 во судовите

Здружението на судиите на Република Северна Македонија на денешен ден во Основниот граѓански суд Скопје и Основниот кривичен суд Скопје го промовираше Протоколот за спроведување мерки за заштита од ковид-19 во судовите. Со техничка и со финансиска помош од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје изработени се 10.000 флаери и 900 постери, од кои 600 на македонски јазик и 300 на албански јазик.

Здружението на судиите на Република Северна Македонија, во координација со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес започнаа и со дистрибуција на доволен број примероци и од постерите и од флаерите до архивата на секој суд во државата, согласно неговата големина.

Протоколот е донесен од страна на Здружението на судиите на Република Северна Македонија, има советодавен карактер и има цел да им помогне на претседателите на судовите во секојдневното работење. Тој се однесува на судиите и на останатите вработени во судовите, на сите странки и други учесници во судските постапки, а ќе се применува сѐ до престанокот на пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19.

Од името на ЗСРМ би сакале да се заблагодариме на Мисијата на ОБСЕ и на нејзиниот отсек за владеење на правото и човекови права за соработката и за континуираната поддршка.

ЗДРУЖЕНИЕ НА СУДИИ: Протокол за спроведување на мерки за заштита од ковид – 19 во судовите

М.В