Промовиран Првиот национален извештај од Матрицата на индикатори за мерење на перформансите и реформите во правосудството
Центарот за правни истражувања и анализи го промовираше Првиот национален извештај од Матрицата на индикатори за мерење на перформансите и реформите во правосудството.
Извештајот овозможува оцена на перформансите и реформите во правосудството во пет клучни области: ефикасност, транспарентност и отчетност, квалитет на судската правда, независност и непристрасност, и професионален развој и соодветна застапеност.
Поздравни обраќања на настанот имаа судијата Џемали Саити, претседател на Здружението на судии, Доминик Отвеј, заменик британски амбасадор, Рената Дескоска, министер за правда, и Жарко Хаџи-Зафиров, програмски раководител во Центарот за правни истражувања и анализи.
Говорниците го истакнаа значењето на Првиот национален извештај од Матрицата на индикатори за мерење на перформансите и реформите во правосудството, нагласувајќи дека ова е прв извештај од ваков вид, кој преку егзактни податоци прибавени во рамки на научно издржан методолошки пристап ги анализира перформансите на правосудниот систем, со посебен фокус на судството.
Извештајот, беше подвлечено на настанот, ќе биде од голема корист и за реформите на правосудниот сектор, а во контекст на заложбите за владеењето на правото. Во таа смисла, извештајот ќе му помогне на судскиот систем да ги оцени клучните области на активност и да ги евалуира достигнувањата на реформите, но и да ги постави приоритетите за судските реформи и за натамошен развој на правосудниот сектор.
Лидија Стојкова-Зафировска, Жарко Алексов од Центарот за правни истражувања и анализи, како и правниот експерт Александар Гоџо ги презентираа клучните наоди од првото национално мерење на перформансите и реформите во правосудството.
Според наодите, судовите имаат недостиг од судска служба, но имаат високо ниво на ефикасност. Постојниот систем за објавување на судските одлуки нема функционална примена и не постојат соодветни критериуми за мерење на квалитетот на судската правда.
Постои делумна независност на судството, условена од финансиски и политички фактори, а непристрасноста сè уште е на ниско ниво. Исто така, професионалниот развој задолжително треба да се специјализира и да продолжи да ги следи трендовите и потребите на правосудството. Правичната застапеност по основ на пол, возраст и етничка припадност е на солидно ниво, но постои потреба од избор на судии од ромска етничка припадност.
Денешниот настан се заокружи со презентација на наодите од меѓународните извори од страна на меѓународниот експерт Aдис Хоџиќ.
Промовирана Матрицата за мониторинг на перформансите на јавното обвинителство
Промовирана веб-платформата „Џастис обзерверс“ на Центарот за правни истражувања и анализи
Почеток на првото национално мерење на перформансите на правосудството
Промоција на матрицата за мониторинг на перформансите во македонското правосудство
Судската пракса – обврзувачко, но занемарено правно сфаќање и извор на судското правo
Унифицирање на судската пракса за нејзина посилна улога во правниот систем
М.В