/ Прочитано:

1.269

Промовирана книгата „Кривичното правосудство во Македонија 1878 – 1912“ на судијката Милка Ристова

Петок, 19 април 2013 – Судијата на Врховниот суд на Република Македонија, д-р Милка Ристова денеска ја промовираше книгата „Кривичното правосудство во Македонија 1878 – 1912“. Станува збор за магистерски труд на Ристова под менторство на проф. д-р. Љупчо Арнаудовски, одбранет во 1990 година на Правниот Факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Предмет на научен интерес во истражувањето се почетоците на поновата државно-правна историја на македонскиот народ во втората половина на деветнаесетиот и почетокот на дваесетиот век. Книгата е напишана во осумдесеттите години на минатиот век, во време кога Република Македонија сеуште е една од шесте републики на Југословенската Федерација ( СФРЈ), односно пред нејзината независност.

Ристова на промоцијата ги потсети своите колеги за важноста од почитување на правата на граѓаните и на законите.

„Судските одлуки го носиме во името на граѓаните. Само ако се придржуваме кон законите и судиме непристрасно и објективно тогаш можеме да го сочуваме нашиот интегритет и мандат, во спротивно ќе ги изгубиме“, укажа таа.

Промоцијата и публикацијата е подржана од Здружението на судиите на Македонија.