/ Прочитано:

2.498

Промовирана книгата „Реторика – Историски и современи аспекти“

Книгата „Реторика – Историски и современи аспекти“ од група автори професори: Мирјана Поленак-Аќимовска, Владо Бучковски, Гоце Наумовски, Димитар Апасиев и Јован Андоновски, која е во издание на „Арс Ламина ‒ публикации“, беше промовирана во свечената сала на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ.

„Ова четиво е мултидисциплинарно, каква што, впрочем, е и реториката. Таа од своите корени, па сè до денес ги окупира филозофите, литератите, правниците, политичарите, новинарите и сите оние што ја практикуваат комуникацијата во нивното секојдневие.

Исто така, книгата е и плуралистичка, како и реториката. Во основата, таа смета дека вистината се наоѓа во средбата помеѓу двата збора  на оној што говори и на оној што слуша, а сака да говори. Им служи и на трети лица бидејќи подразбира дека, во секој случај, треба да се води сметка за верувањата и вредностите на сите кои се противници на изречената реч.

Ова четиво може да се чита на различни начини и да се восприема различно. Преку него можат да се добијат основните знаења за реториката како вештина и дисциплина, да се дознаат историските и современите аспекти на реториката, но и да се пронајдат практични совети како да се одржи еден добар говор, како да се учествува во дебата, како да се сфати намерата на противникот во спорот и, на крај, како да се победи“, беше истакнато на промоцијата, на која присуствуваа претставници од академската заедница, правосудната фела и публицистиката.

M.В