/ Прочитано:

2.103

Пропадна првиот обид за избор на претседател на Судскиот совет. Ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство

Влатко Самарџиски го предложи членот Зоран Караџоски, а претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, за кандидат за претседател на Судскиот совет ја предложи Лидија Каначковиќ.

Избор на претседател на Судски совет

Ниту еден од предложените кандидати за избор на претседател на Судскиот совет не го доби потребното мнозинство од членовите на Советот.

Влатко Самарџиски го предложи членот Зоран Караџоски, а претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, за кандидат за претседател на Судскиот совет ја предложи Лидија Каначковиќ.

Според спроведеното гласање, за Караџоски гласале 6 члена и за Каначковиќ 6 члена, додека едно ливче било неважечко.

Комисијата која го спроведе изборот беше во состав: Мирјана Гоцевска-Стефановска, Беким Реџепи и Мери Дика-Георгиевска.

Комисијата сега треба да ја повтори постапката за избор на претседател на Судскиот совет.

Избор на претседател на Судски совет

Мандатот на актуелниот претседател на Судскиот совет, Бранко Ушковски, како член на Советот истече на 21 април.

Ушковски беше избран за член на Советот на 21 април 2010 година со мандат од шест години, а стана претседател на Судскиот совет на 13 март минатата година.

Претседателот на Советот се избира од редот на членовите на Советот со мнозинство гласови од членовите со право на глас, со тајно гласање. Мандатот на претседателот на Советот трае три години, со право на повторен избор.

М. С.