/ Прочитано:

1.212

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, февруари 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, изнесува 106.8.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (13.1 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.0 %) и Стручни, научни и технички дејности (11.4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7.6 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5.5 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (5.1 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2022 година, изнесува 44 531 денар.