Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јуни 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, изнесува 114.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Градежништво (19.7 %), Образование (17.9 %) и Информации и комуникации (17.7 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.8 %), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.8 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2.5 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јуни 2023 година, изнесува 54 720 денари.

Соопштението во целост можете да го погледнете тука.