/ Прочитано:

682

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, септември 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, изнесува 113.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19.3 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19.3 %) и Преработувачка индустрија (18.2 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Образование (10.3 %), Административни и помошни услужни дејности (4.1 %) и Преработувачка индустрија (3.7 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2022 година, изнесува 48 744 денари.

Соопштението во целост можете да го погледнете тука.