/ Прочитано:

912

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, февруари 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, изнесува 106.8.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (13.2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.1 %) и Стручни, научни и технички дејности (11.6 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7.5 %), Земјоделство, шумарство и рибарство (5.9 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5.3 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2022 година, изнесува 29 839 денари.