/ Прочитано:

2.116

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, септември 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, изнесува 112.8.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19.1 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.8 %) и Преработувачка индустрија (17.9 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Образование (10.0 %), Административни и помошни услужни дејности (4.0 %) и Преработувачка индустрија (3.7 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2022 година, изнесува 32 553 денари.

Соопштението во целост можете да го погледнете тука.