/ Прочитано:

1.425

Просечната месечна нето-плата изнесува 28.438 денари

„Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2021 година, во однос на април 2020 година, изнесува 110.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (28.6 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (24.0 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21.7 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21.4 %), Уметност, забава и рекреација (3.7 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (2.9 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2021 година, изнесува 28 438 денари“, стои во соопштението на Државниот завод за статистика.

М.В