Просечната нето-плата изнесува 28.744 денари
„Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, изнесува 107.0.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25.1 %), Уметност, забава и рекреација (20.5 %) и Информации и комуникации (14.1 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (4.3 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (2.6 %) и Рударство и вадење на камен (1.6 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2021 година, изнесува 28 744 денари“, соопштуваат од ДЗС.