/ Прочитано:

718

Просечната нето-плата во јуни изнесувала 25.205 денари

„Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, изнесува 104.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена  и социјална заштита (11,7 %), Транспорт и складирање (10,3 %) и Градежништво (5,4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (11,3 %), Рударство и вадење на камен (6,1 %) и Градежништво (2,8 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2019, изнесува 25.205 денари“, соопштуваат од Државниот завод за статистика.

М.В