/ Прочитано:

691

Просечната плата изнесува 28.869 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, изнесува 105.3.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (13.2 %), Рударство и вадење на камен (12.8 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12.5 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (4.4 %), Информации и комуникации (2.5 %) и Преработувачка индустрија (2.2 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2021 година, изнесува 28 869 денари.