/ Прочитано:

1.456

Протест против полициската бруталност по повод две години од смртта на Мартин Нешковски

Четврток, 6 јуни 2013 – Денеска во Скопје движењето „Стоп за полициска бруталност“ ќе одржи собир со кој ќе ја одбележи двeгодишнината од протестите против полициското насилство. Повод беше загинувањето на претепаното момче Мартин Нешковски кое падна како жртва на бруталноста од страна на припадник на специјалнате единица „Тигри“ на МВР.

Движењето „Стоп на полициската бруталност“ за денеска во 11.00 часот најавува собир на плоштадот Македонија, со кој, како што велат, ќе потсетат на немилиот настан од 06 јуни 2011 година, кога Мартин Нешкоски падна како жртва на бруталноста од страна на припадник на специјалните единици на МВР.

Граѓаните од ова движење на социјалните мрежи најавуваат дека ќе го посетат местото каде загина Нешковски и симболично ќе запалат свеќи за изгубениот млад живот.

За време на собирот ќе биде одржана и прес-конференција на која движењето „Стоп на полициската бруталност“ ќе ги претстави активностите, преку кои ќе ја одбележи двогодишнината од своето постоење. Дополнително, ќе биде изразена поддршка до турскиот народ кој деновиве крваво се спротивставува на полициската бруталност.

„Стоиме на нашите барања за надворешна контрола над припадниците на МВР, за темелна реформа на специјалните единици и за хуманизација на професијата полицаец, преку ангажирање на полицајците во општествено корисна работа. И кога полицијата ќе биде на висина на својата задача, ние ќе бидеме тука, за секој случај. Никогаш повторно да не згазат по нашето лично достоинство, никогаш повеќе да не посегнат по нашиот психофизички интегритет. Ние ги плаќаме да не штитат, а не да не малтретираат“, велат од движењето.