/ Прочитано:

983

Протестен марш: Јавна соба е кривично дело

Денеска во организација на Платформата за родова еднаквост се одржа протестен марш за поддршка на сите жртви на групата Јавна соба. Протестот е упатен и до Министерството за внатрешни работи и до Јавно обвинителство. Овие институции, беше истакнато на протестот, треба да нè заштитат од насилство, но очигледно не го прават тоа.

„Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот ‘Јавна соба’, кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство.

Бараме соодветни казни за администраторите на групите, како и за сите членови кои праќале и сѐ уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени.

Бараме и инсистираме сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик“, беше истакнато на денешниот настан.

На денешниот марш се побара и соодветна грижа за жртвите од надлежните институции. Неколку приведени членови и санирање на штети, беше потенцирано на маршот, нема да нè замолчат. Будно ги следиме институциите и бараме сеопфатни решенија за превенција на родово базирано насилство.

„Ги охрабруваме жртвите на ‘Јавна соба’, да проговорат и да побараат правда. Овој случај е шанса за институциите да покажат дека се залагаат за женските права и во пракса, а не само декларативно. Не смееме да дозволиме одржување на состојба во која жртвите се множат, а институциите молчат и потфрлуваат во извршувањето на својата функција бидејќи држава која не постапува, е држава која силува!“, беше нагласено на денешниот протест.

Казна затвор до три години за кривичното дело „Демнење“ како нова законска измена

Пендаровски за случајот „Јавна соба“: Одговорност мора да има во најкус можен рок

Платформата за родова еднаквост: Скандалозен однос на Обвинителството кон кривичните дела од „Јавна соба“

М.В