/ Прочитано:

809

Протестите во паркот Гези продолжуваат, покрај понудата за референдум

Четврток, 13 јуни 2013 – Покрај понудата на турската Влада да се распише референдум за плановите за градба во Истанбул, протестите во паркот Гези продолжуваат. Демонстрантите се сомневаат во идејата за одржување на фер референдум.Во Анкара доцна синоќа избувнаа судири, а полицијата употреби солзавец и водени топови за растурање на околу 2.500 демонстранти што поставија барикади на патот кон канцелариите на Владата, пренесува Танјуг. Референдумот е продолжен по вчерашната средба на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган со група од 11 активисти, вклучително академици, студенти и уметници во Анкара.