/ Прочитано:

1.111

Процесот „Ровер“ повторно одложен. Поради болест, еден од обвинетите не доаѓа на закажаните рочишта

Неговиот бранител информираше дека Јовановски е повреден на левата нога и дека посетува физикална терапија поради што не може да доаѓа на рочиштата. Тој приложи и медицинска документација пред судот, но обвинителката во случајот, Лидија Раичевиќ-Вучкова, побара да биде приложен дополнителен наод од специјалист како доказ за здравствената состојба на обвинетиот.

Љубе Бошкоски на судењето за „Ровер“

Третото повторено судење за случајот „Ровер“ во кој како обвинет се јавува и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, никако да започне. И денеска судијата Илија Трпков го одложи закажаното рочиште поради отсуство на обвинетиот Сашко Јовановски.

Неговиот бранител информираше дека Јовановски е повреден на левата нога и дека посетува физикална терапија поради што не може да доаѓа на рочиштата. Тој приложи и медицинска документација пред судот, но обвинителката во случајот, Лидија Раичевиќ-Вучкова, побара да биде приложен дополнителен наод од специјалист како доказ за здравствената состојба на обвинетиот.

Следното рочиште за предметот е закажано за 9 мај.

Ова е третпат одново да почнува судењето за „Ровер“ бидејќи Апелациониот суд Скопје двапати ја укинува првостепената пресуда поради низа пропусти и поради неутврдена фактичка состојба.

Со пресудата на Кривичниот суд, Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ добија казна доживотен затвор, Вук Вукичевиќ доби 15 години затвор, Бошкоски доби затвор од 10 години и шест месеци, првиот човек на обезбедувањето на Бошкоски, инспекторот Зоран Трајковски, доби осум години и шест месеци, по седум години добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по пет години и шест месеци Гоце Митревски и Никола Негриевски.

Обвинетите се товарат за убиствата на Марјан Тушевски и Киро Јанев што се случија во Скопје, во јули 2001 година.

М. С.

(ОБНОВЕНО) Според судијата во „Ровер“ нема пречки Бошковски да излезе од „Идризово“

ДИРЕКТОРОТ НА „ИДРИЗОВО“: Судијата во „Ровер“ се меша во работењето на затворот