Прва официјална средба на претседателот на Врховниот суд со новиот министер за правда
Во таа смисла, се разменија мислења за обезбедување на независност и самостојност во функционирањето на судската власт, за зајакнување на капацитетите на Врховниот суд на Република Северна Македонија како највисок суд во пирамидата на судската власт, за подобра кадровска екипираност, јакнење на општествениот и материјалниот статус на судиите и судската служба, за афирмирање на мерит – системот, за подобрување на перцепцијата и враќање на довербата на јавноста во работењето на судовите.
На крајот Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија и Министерот за правда изразија заедничка подготвеност за идна максимална професионална соработка во рамките на законските надлежности, со цел подобрување на состојбите во македонското судство.
М.В