/ Прочитано:

1.300

Прво читање на Предлог-законот за поништување на правните последици од постапките за лустрација

Предлог-законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација е на прво читање пред собраниската Комисија за политички систем.

„Со ова предлог законско решение стануваат ништовни сите правни акти, дејствија и мерки преземени од страна на Комисијата и другите надлежни органи врз основа на горенаведените закони, а се поништуваат и сите правни последици кои произлегле.  Согласно Предлог законот, за  оштетените лица од наведените акти и дејствија, се предвидува надоместок на штета. Со ова се заокружува правната рамка како стратешка цел на реформата во правосудството во однос на обезбедувањето на независноста и непристрасноста и се пристапува кон реализација на стратешката насока за воспоставување на законска рамка за поништување на мерките и правните последици од процесот на лустрација“, се вели во образложението на Предлог-законот.