/ Прочитано:

1.533

Првоосомничениот во предметот „Тврдина“, Горан Грујевски, разрешен од местото началник на Петтата управа

Како што информираше Чавков, Грујевски го прекинал неколкунеделното боледување и се вратил на работа, но веќе не е началник на Петтата управа. Сè уште нема назначено кој ќе дојде на неговото место.

МВР зграда

Горан Грујевски е разрешен од позицијата началник на Петтата управа во МВР, потврди денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

Како што информираше Чавков, Грујевски го прекинал неколкунеделното боледување и се вратил на работа, но веќе не е началник на Петтата управа. Сè уште нема назначено кој ќе дојде на неговото место.

Грујевски е првоосомничен во предметот „Тврдина“, кој го води Специјалното јавно обвинителство. Тој и уште четири лица, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, се осомничени за уништување на опрема за прислушување.

Пред аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов, Грујевски прво беше неколку дена во притвор во затворот „Скопје“, по што му беше одреден куќен притвор. При второто барање за определување на мерка притвор, Кривичниот суд донесе решение со кое го одби барањето на СЈО и му одреди превентивни мерки, односно одземање на патната исправа.