Расправија за долг резултирала со пукање
Среда, 13 март 2013 – Синоќа, околу 23 часот во парк шумата во скопската општина „Гази Баба“ се одвивала вистинска драма поради неплатеn долг, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што извести полицијата, ноќеска е уапсен В.А. (27), поради тоа што пукал кон Љ.Е (20) е од Арачиново. Двајцата околу 23 часот се сретнале во парк-шумата и почнале да се расправаат за парите што В.А. му ги должел на Љ.Е.
Во еден момент, наводно 27-годишникот извадил пиштол, по што арачиновецот почнал да бега, при што слушнал два истрели, но за среќа не бил погоден.
Откако случајот го пријавил во полиција, В.А. бил набрзо фатен од страна на Алфите.