Пукање во Бутел, еден ранет
Среда, 19 јуни 2013 – Синоќа во скопската населба Бутел, во бараките кај старата општина, дошло до меѓусебна расправија при што О.И. (28) бил застрелан од Ј.Р. (26), кој е во бегство.
О.И. е пренесен во скопскиот Клинички центар. Напаѓачот веднаш избегал со црвен автомобил и бил вооружен. Истиот, неофицијално, и е добро познат на полицијата и за повеќе дела минува во криминалната евиденција.
МВР трага по лицето кое е во бегство.